Миленици.com.mk
  • Април 21, 2014, 04:12:36
  • Добредојде, гостин
Ве молиме пријавете (login) или зачленете се (register).

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија
Eukanuba
Напредно пребарување  

Новости:

Добредојдовте на првиот македонски форум за миленици!
Уживајте во престојот тука, забавувајте се и научете како животот со вашиот миленик да биде поубав и полесен.

Автор Тема: American Pit Bull Terrier  (Прочитано 80841 пати)

dragan storm

  • Izlozbi
  • Forumoman
  • ****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 257
    • http://kdkicevo.com/
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1065 на: Февруари 10, 2012, 19:56:04 »

Draudak

  • Cesto Ovde
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 100
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1066 на: Февруари 16, 2012, 13:06:56 »

http://www.vest.com.mk/?ItemID=5356C9BDF783104BAF8C7B3B5A95374C&arc=1

 :violent5:

Кој може со сигурност да каже дека кучето кое што нападнало било Пит Бул, а не Стафорд или Американски Булдог? Дали некој стручен потврдил дека со сигурност станува збор за куче од расата пит бул, дали е фатено кучето за да се потврди неговата раса, или па ова се чисти претпоставки на мајката на девојчињата, или па на новинарката од Вест, кои што поради нестручноста одат на штета на пит булите како раса и нивните сопственици! Јас сум сигурен дека често пати раси како германски боксер, ротвајлер, американски булдог, бостон териер, американски стафорд териер, стафордшир бул териер и многу други раси, кога ќе нападнат се  пишува дека нападнал пит бул
Сочувана

dragan storm

  • Izlozbi
  • Forumoman
  • ****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 257
    • http://kdkicevo.com/
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1067 на: Мај 03, 2012, 01:47:56 »

http://www.vest.com.mk/?ItemID=5356C9BDF783104BAF8C7B3B5A95374C&arc=1

 :violent5:

Кој може со сигурност да каже дека кучето кое што нападнало било Пит Бул, а не Стафорд или Американски Булдог? Дали некој стручен потврдил дека со сигурност станува збор за куче од расата пит бул, дали е фатено кучето за да се потврди неговата раса, или па ова се чисти претпоставки на мајката на девојчињата, или па на новинарката од Вест, кои што поради нестручноста одат на штета на пит булите како раса и нивните сопственици! Јас сум сигурен дека често пати раси како германски боксер, ротвајлер, американски булдог, бостон териер, американски стафорд териер, стафордшир бул териер и многу други раси, кога ќе нападнат се  пишува дека нападнал пит бул

Kakvo kuce i da e,sepak e kriv sopstvenikot !

sdan

  • Nov Clen
  • *
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 2
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1068 на: Мај 20, 2012, 17:19:01 »

Почитувани одгледувачи на на Американски пит бул териер, потребна ми е вашата помош :). После 16 години мојот миленик(француска пудлица) го напушти овој свет.....сега сакам да си земам нов миленик но од расата Американски пит бул териер, па поради тоа сакам прво убаво да се распрашам околу оваа раса, пред да се одлучам да го купам кутрето(иако веќе неколку месеци истражувам и имам прибрано доста информации околу расата, сепак сакам да ги слушнам и вашите мислења и искуства). Пред се ме интересира дали пит булите многу се митарат, и дали премногу мирисаат, бидејќи ќе го чувам во стан од 70м2?. Исто така ми е многу битно да ми одговорите дали е вообичаено за оваа раса да покажува знаци на агресија кон луѓето и другите животни?...Ме интересираат највеќе мислењата на луѓето кои ги одгледувале овие кучиња? Несакам и покрај социјализирањето на кучето, да се плашам дека може да нападне некого. Агресивност и оштар однос кон други кучиња, и странци можам да толерирам само кај овчарските кучиња, кои мораат да го поседуваат тоа, барем според мене, затоа не сакам моето пит булче да израсне во таква единка зашто ке ја чувам во стан и исклучиво како миленик! Се надевам дека се обратив на вистинското место, ви благодарам однапред.
Сочувана

dimitar.velkov

  • Ponekogas Ovde
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 92
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1069 на: Мај 20, 2012, 18:46:27 »

Slikite se napraveni od  Gianni Graziani http://www.facebook.com/giannigrazianiphotographer
Kucinjata se vo sopstvenost na Trio's Kennel http://www.facebook.com/profile.php?id=742842188
Сочувана

Draudak

  • Cesto Ovde
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 100
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1070 на: Мај 23, 2012, 20:48:00 »

Почитувани одгледувачи на на Американски пит бул териер, потребна ми е вашата помош :). После 16 години мојот миленик(француска пудлица) го напушти овој свет.....сега сакам да си земам нов миленик но од расата Американски пит бул териер, па поради тоа сакам прво убаво да се распрашам околу оваа раса, пред да се одлучам да го купам кутрето(иако веќе неколку месеци истражувам и имам прибрано доста информации околу расата, сепак сакам да ги слушнам и вашите мислења и искуства). Пред се ме интересира дали пит булите многу се митарат, и дали премногу мирисаат, бидејќи ќе го чувам во стан од 70м2?. Исто така ми е многу битно да ми одговорите дали е вообичаено за оваа раса да покажува знаци на агресија кон луѓето и другите животни?...Ме интересираат највеќе мислењата на луѓето кои ги одгледувале овие кучиња? Несакам и покрај социјализирањето на кучето, да се плашам дека може да нападне некого. Агресивност и оштар однос кон други кучиња, и странци можам да толерирам само кај овчарските кучиња, кои мораат да го поседуваат тоа, барем според мене, затоа не сакам моето пит булче да израсне во таква единка зашто ке ја чувам во стан и исклучиво како миленик! Се надевам дека се обратив на вистинското место, ви благодарам однапред.

Пријателе sdan, сигурен сум дека пред да си се одлучил за пит бул како твој миленик, запознаен си со карактеристиките на оваа раса. Јас сум горд сопственик на пит бул и можам да го кажам моето искуство и се надевам дека ќе ти бидам од помош. Пред се, да расчистиме, пит булот не е раса како француската пудла, лабрадор или ретривер. Доста интелегентна е, но е и многу своеглава, брзо учи, но за нејзино воспитување треба доста стрпливост, јак карактер и цврста рака. Многу активна раса е со многу енергија па ако сакаш да ја чуваш во стан, ќе треба да одвојуваш повеќе време за да ја шеташ, трчаш и се останато. Во поглед на митарењето со редовно четкање и нема да имаш некој посебен проблем. Во поглед на миризбата исто така нема да имаш проблем зошто нормално ако ја чуваш во стан, ќе внимаваш на хигиената (јас мојот пит бул на 4-5 дена го бришам со влажна крпа од чај од нане и малку оцет, а на 3-4 недели го бањам). Кај пит булите доста важно е да ја социјализираш од најрана возраст и да ја учиш со други кучиња и животни, но сепак кога ќе порасне нема да дозволува некој друг да доминира над неа (да речеме случка, твојот пит бул нема да нападне прв некое друго куче, но ако другово куче почне да се курчи, постои можност питот да проба да постави доминација, но тоа е нормално и кај другите раси, па ќе внимаваш со кои кучиња ке ја пушташ да игра и се останато). Во поглед на луѓе, ако се социјализирани пит булите воопшто не прават проблем, посебно не на улица додека ја шеташ или па во парк, да речеме да ја пуштиш да си игра а таа да се пушти да нападне човек, но на своја територија, доколку му се приближи тотален странец питот се поставува заштитнички кон територијата. Да речеме ти ѕвони некој странец на врата, кучето нормално дека ќе почне да лае, но доколку го смириш и доколку ти го пуштиш странецот дома и се е во најдобар ред, питот сигурно дека нема да го нападне од чиста мира. Добро воспитан пит бул, растен во нормална средина опкружен со луѓе и други кучиња и животни во ниту еден случај нема да нападне никого ниту па да покаже знаци на агресивност! Јас имам пит бул и до сега никогаш не покажал знаци на агресивност спрема никого, играл со кучиња од 2 месеци па до 7 години, со раси од пекинезер па се до бернардинец и Турски кангал и сум немал воопшто никаков проблем, но секогаш пазам некое друго куче прво да не покаже агресивност или доминација (исто би базел и кога би чувал лабрадор или пекинезер). Во поглед на луѓе исто така сум немал никаков проблем, но знам дека заштитнички се поставува кон својата територија, па внимавам и на тоа (исто би внимавал и кога би чувал и друга раса, пред се за сигурност, подобро да се спречи отколку да се лечи). Со еден збор другар, пит булите се одлична раса, и покажуваат љубов повеќе од било која друга раса, а за сопсттвеникот и би умреле. Јас лично никогаш не би ја заменил оваа раса за друга, но ќе напоменам, пит булот не е раса за секого, но ако си се одлучил за пит, само напред, те поддржувам, но претходно добро информирај се за истата. Исто така за крај би те советувал, да си земеш женка затоа што се многу попогодни за во стан, и да внимаваш од какво легло го земаш кутрето и од какви родители потекнува.
Кај нас има многу што продаваат пит були, но малку од нив продаваат квалитетни пит були, така да, доколку се одлучиш за пит бул, можам да ти препорачам да си купиш кутре од мајката од која што јас ја зедов мојата кучка. Сега има ново многу убаво легло, тробојни пит булчиња што се доста ретки. И мајката и таткото на кутрињата се одлични пит були со одлично потекло, чувани со многу љубов како домашни миленици и во стан, ниеднаш не се борени и воопшто не се агресивни. Кученцата се стари 40 дена, и се чуваат во стан заедно со мајката. Немој да ме сватиш погрешно, ова не е реклама и јас немам ама баш никаква корист, само најпријателски ти предложувам добро легло и добро пит булче. Јас од таа кучка минатото легло зедов пит бул женка која што ја чувам и сум презадоволен во секој смисол. За се друго што ти треба слободно контактирај ме или овде на форумов или преку приватна порака во било кое време. Поздрав
Сочувана

sdan

  • Nov Clen
  • *
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 2
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1071 на: Мај 27, 2012, 22:15:19 »

Ти благодарам многу Draudak, како што веќе ти кажав сеуште не сум земал кутре, бидејќи сакам да почекам да одам и да се вратам од одмор, па после тоа да можам цела година да му ја посветам на кутрето и да го воспитам. Околу воспитувањето мислам дека нема да имам проблеми бидејќи добро знам како одат работитее, и кој треба да доминира, но една друга работа ме замислува, кажи ми колку време ќе треба да му посветам на кутрето за трчање, односно ќе морам ли секој ден да го пуштам одврзано да се истрчува?....те прашувам бидејќи нема теорија тука кај мене во населбата да го пуштам одврзан, поради тоа што летаак коли, и може да се случат мн несакани последици...од друга страна има тука од "браќава" кои чуваат средноазиски, кавкаски или други овчарски кучиња за борби, и може да дојде во контакт со тие џукели и да го повредат...она што ќе можам да му го овозможам е шетање(врзан) три пати на ден по 20сетина минути, и секој четврт или трет ден трчање во викендица(имам двор од 1,5 декар). Ме интересира дали тоа ќе биде доволно за ова кутре, или бара буквално секојдневно трчање и некакви тренинзи(да напоменам мене кутрето не ми е потребно да е во некоја кондиција за борби и незнам што, сакам да ми биде пријател и миленик, тоа е се што ќе барам од него :) )?
« Последно менување: Мај 27, 2012, 22:18:01 sdan »
Сочувана

Draudak

  • Cesto Ovde
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 100
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1072 на: Мај 27, 2012, 23:01:38 »

Пит булите се многу активни кучиња, да не речам неуморни, спремни се по цел ден да трчаат и скокаат, но тоа не знамчи дека не можат да се чуваат во стан или во помал простор. Во принцип, за секое куче без разлика која раса е, пожелно е добро да се прошета и истрча за да ја истроши енергијата, за дома да биде мирен. Питовите имаат многу енергија и пожелное таа да ја трошат во текот на денот, за да не те „малтретираат“ по дома за да си играш со нив. Сепак, две-три прошетки на поводник во текот на денот мислам дека ќе бидат доволни, иако пожелно е понекогаш да му дадеш можност убаво да се истрча. Сигурен сум дека каде и да живееш, можеш да појдеш до парк, или да најдеш ограден двор од некое си школо или градинка и кога нема гужва да го пуштиш кучето да се истрча. Јас мојата Уна секое сабајле ја шетам 15-20 минути да ги обави физиолошките потреби, и после работа, некаде околу 7 саат ја шетам околу саат време, а за викенд кога сум послободен знам квалитетно да „забегам“ со неа па да шетам со неа и со саати. Сепак ќе кажам дека сето тоа е индивидуално од сопственикот и од кучето. Со еден збор, ако се чува питот со љубов и посветеност, се многу лесни за чување и верувам дека нема да имаш никаков проблем. Поздрав
Сочувана

Akvaristika Ohrid

  • Ponekogas Ovde
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 61
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1073 на: Јуни 04, 2012, 20:19:16 »

mn ubavo kuce
me ineresira kako e dobieno ova kuce
so mesajne od kolku rasi na kucina e dobieno kako sto
kazuvaat deka ovie kucinja se masini za borbi
posto jas ne se razbiram mn od kucina
poise sum na akvaristika
ke mozes li da mi kazis nesto povejke za ovaa rasa
posto sum i zainteresiram
pozz
Сочувана

Draudak

  • Cesto Ovde
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 100
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1074 на: Јуни 15, 2012, 18:58:24 »

Пит булот како и Американскиот Стафорд териер и Стафордшир Бултериерот od Half and Half, кој пак е добиен со спарување на Стар Англиски Булдог и Англиски Териер. Целта била да се добие многу силно борбено куче. Стариот Англиски Булдог како раса имал многу силна вилица, но во борба бил кондиционо многу слаб, а пак Англискиот Териер како раса физички бил многу издржлив. Затоа со парење на овие две раси се сакало да се добие куче кое ќе има силна вилица и би било кондиционо издржливо во борба. Од Стариот Андлиски Булдог и Англискиот Териер е добиено куче кое во тоа време се нарекувало Half and Half.

Еве и сликовит приказ за добивањето на Пит Булот
Сочувана

Draudak

  • Cesto Ovde
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 100
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1075 на: Јуни 15, 2012, 19:01:08 »

Стандард на Пит Бул

Сочувана

Akvaristika Ohrid

  • Ponekogas Ovde
  • **
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 61
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1076 на: Јуни 16, 2012, 16:45:42 »

blagodaram mnogu
celta mi bese da znam kako se mesani oti vo plan sum da zemam vakvo kuce
a se mn ubavi kucina samo steta sto gi koristat za borbi, odnosno uzivaat i zemaat pari za grdite borbi na obie kucinja
pozz
Сочувана

Draudak

  • Cesto Ovde
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 100
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1077 на: Јуни 18, 2012, 20:37:26 »

blagodaram mnogu
celta mi bese da znam kako se mesani oti vo plan sum da zemam vakvo kuce
a se mn ubavi kucina samo steta sto gi koristat za borbi, odnosno uzivaat i zemaat pari za grdite borbi na obie kucinja
pozz

Пријателе, не сите сопственици на пит були ги користат пит булите за борби! И пит булите не се единствена раса на кучиња кои се користат за борби. За таа намена се користат и Аргентинската дога, Средно азискиот овчар - Азијат, Кавкаскиот овчар, Шарпланинецот, Американскиот стафорд териер, Бразилската Фила, Тоса ину, Ca de Bou, Presa Canario, Шар пеј и многу други,. За разлика од останативе така наречени борбени раси на кучиња, за пит булот можам да кажам дека доколку од мал правилно се воспита и социјализира на живот со луѓе и други живтни, тогаш тој е одличен домашен миленик кои неизмерно е приврзан и ги сака својот сопственик и своето семејство.
Секој еден друг кој ќе ти го каже спротивното знај дека или те лаже или никогаш во својот живот нема чувано пит бул!
Сочувана

Mitke

  • FORUMOHOLICAR
  • *****
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 2.017
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1078 на: Јуни 21, 2012, 13:14:09 »

Site ljubiteli koi ne opravduvaat borbi mnogu po pametno e da si kupat Amerikanski Stafordski Terier.
Сочувана

Draudak

  • Cesto Ovde
  • ***
  • Отсутен Отсутен
  • Пораки: 100
Одг: American Pit Bull Terrier
« Одговори #1079 на: Јуни 21, 2012, 13:29:37 »

Site ljubiteli koi ne opravduvaat borbi mnogu po pametno e da si kupat Amerikanski Stafordski Terier.

Митке, не сакам да бидам погрешно сватен, ама коментаров ти е премногу ступиден и мислам дека воопшто не личи човек како тебе кој е кинолошки судија да дава вакви коментари и да дискриминира раса на кучиња само затоа што не е призната од ФЦИ. Стварно не разбирам што сакаш да кажеш со коментаров, зашто пробуваш да одвратиш луѓе кои сакаат да чуваат пит бул, да чуваат стафорд, исто некако ступидно ми е ова „сите љубитли кои не обожаваат борби“ некако не можам да го сватам. Јас сум љубител кој не оправдува борби и гордо чувам пит бул.

За крај, морам да завршам во твој стил:

Сите љубители кои сакаат куче пред се за да им биде другар и миленик и кои не оправдуваат наместени кинолошки изложби и судии кои освен расите од ФЦИ ништо друго не го сметаат за куче, нека си купат ПИТ БУЛ, а не Американски Стафордски Териер.
Сочувана